by UNDP Europe and Central Asia

"Ги повикувам сите влади и општества [...] да изградат свет во кој никој не мора да се плаши поради нивната сексуална ориентација или родов идентитет".
Антонио Гутерес, Генерален секретар на ОН

OutSpoken е мултимедијална галерија која ги истражува искуствата на лезбејките, геј, бисексуалките и бисексуалците, трансродовите и интерсекс (ЛГБТИ) луѓе на Западен Балкан. OutSpoken го слави гласното спротивставување на дискриминацијата и маргинализацијата. Преку приказни за катастрофа, издржливост и триумф, негува сочувство и поврзаност за да се просветли нашата заедничка човечност.

Разноликиот состав на учесници во OutSpoken доаѓа од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија и Поранешна Југословенска Република Македонија. Нивните сексуални ориентации и родови идентитети се разликуваат, но нивните искуства се моќен потсетник за потребата за заштита од стигмата и насилството кон ЛГБТИ заедницата.

Во земјите на Западниот Балкан, како и во поголемиот дел од светот, ЛГБТИ луѓето се соочуваат со неадекватна правна заштита, дискриминација во пристапот до јавни услуги, непријателски ставови од страна на јавноста и општ недостаток на поддршка. Од суштинско значење е човековите права на ЛГБТИ луѓето да бидат заштитени преку застапување за соодветна законска рамка, спротивставувајќи се на дискриминаторските ставови и дела.

УНДП го поддржува спроведувањето на Агендата за одржлив развој 2030, која ветува дека нема да остави никој зад себе. Во 170 земји и територии низ светот, УНДП работи на искоренување на сиромаштијата, намалување на нееднаквостите и ставање крај на исклучувањето во општеството . Во сите наши напори, ние ја охрабруваме заштитата на човековите права и зајакнувањето на жените, малцинствата и на најранливите групи. Тоа ги вклучува и правата на ЛГБТИ луѓето.